July 2013
·
65 Reads
Во овој извештај се анализирани наодите од анкетата „Довербата во институциите и во граѓанското општество во Република Македонија“, кои се однесуваат на граѓанското општество, а која беше спроведена во 2013 г. по петти пат на национален репрезентативен примерок на граѓаните на Република Македонија. Целта на истражувањето беше да се испита довербата на граѓаните во институциите и во граѓанското општество.