Conference PaperPDF Available

Abstract

The world labor market, besides the technical (hard) skills is increasing the focus on the so-called “soft” skills. Soft skills are a set of skills which allow an individual to fit in and successfully function in its environment. Because the engineering market is so dynamic and full of contacts with different cultures, soft skills need to be accompanied by so-called “global” skills, which ease the cooperation of people with different cultural backgrounds. But, there still remains a general dissatisfaction with the engineer’s soft skill levels, so there is a need for further development of the staff and a review of the high education curriculum.
ПРЕГЛЕД НА ПОТРЕБАТА ОД НЕТЕХНИЧКИ
ВЕШТИНИ ВО ИНЖЕНЕРСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ И НА
РАБОТНОТО МЕСТО
Војдан Кардалев1, Милош Јовановиќ1, Димитар Трајанов1,
1 Факултет за електротехника и информациски технологии – Скопје, Карпош II бб, 1000
Скопје, Македонија, vojdan.kardalev@feit.ukim.edu.mk, milos@feit.ukim.edu.mk,
mite@feit.ukim.edu.mk
Апстракт На светскиот пазар на трудот,
покрај техничките вештини, сé повеќе се
обрнува внимание и на т.н. нетехнички
вештини, односно soft skills. Нетехничките
вештини се множество на вештини кои на
поединецот му овозможуваат да се вклопи и
успешно да функционира во својата средина.
Поради динамичноста на пазарот за инженери
и контактот со различни култури,
нетехничките вештини треба да бидат
надополнети и со т.н. глобални вештини, кои
овозможуваат соработка со луѓе од различни
култури. Сепак, постои незадоволство од
нивото на познавање и поседување на овие
вештини од страна на инженерите, па затоа
има потреба од доедукација на работното
место и ревизија на наставната програма во
високото образование.
Клучни зборови нетехнички и глобални
вештини, инженери, образование
1. ВОВЕД
Современите инженери, бидејќи се наоѓаат во
многу динамична средина, мора да бидат
способни за брзо и лесно прилагодување кон
нови состојби: нови тимови, проекти и култури.
За остварување на овие потреби, инженерите
мора да поседуваат т.н. нетехнички и глобални
вештини. Не постои еднозначна дефиниција за
нетехничките вештини, па тие се опишуваат како
множество на вештини, кои не се од техничка
природа („тврди“ вештини) и кои на индивидуата
и овозможуваат успешно да комуницира,
соработува, води и да се справува со
меѓучовечки конфликти.
Во последниве десетина години, сé повеќе се
обрнува внимание на потребата од нетехнички
вештини, како во образованието, така и на
работното место. Најголем дел од
работодавачите се согласуваат дека тие им се
многу важен дел од проценката на кандидатот
при интервјуата за вработување, а во некои
случаи дури и поважни од тврдите вештини
[1][2]. И покрај овие сигнали од индустријата,
постои големо незадоволство од нивото на
нетехничките вештини кои кадидатите ги
поседуваат при вработување [3]. Голем дел од
универзитетите и понатаму продолжуваат со
програма која не содржи курсеви преку кои
студентите ќе се стекнат со ваков тип на
вештини. Причината за ова е тоа што тие се
покомплексни отколку што на прв поглед
изгледа, потешки се за учење и предавање
отколку, на пример, техничките вештини [4].
Нетехничките вештини, покрај тоа што на
кандидатот му даваат поголеми шанси за
вработување при интервјуа, се многу важни и за
успешна професионална кариера [4].
Поради динамиката на денешниот пазар на
трудот за инженери и глобалниот тренд на
outsourcing, инженерите мораат да бидат спремни
за контакт и соработка со различни култури. За
еден инженер успешно да комуницира и
соработува со луѓе од различни култури, покрај
нетехничките вештини тој мора да поседува и
глобални вештини. Тие претставуваат множество
на вештини кои овозможуваат лесно
прилагодување кон други култури, познавање на
разликите помеѓу културите и полесна соработка
во мултиетнички и мултикултурни средини и
тимови. Исто како и кај нетехничките вештини,
постои незадоволство од нивото на овие вештини
кај инженерите [3].
Целта на овој труд е да ја согледа важноста на
нетехничките и глобалните вештини, потребата
од воведување на задолжителни курсеви за нивно
подобрување во високото образование за
инженери и да направи споредба помеѓу
побарувањата на македонските и странските
работодавачи.
2. НЕТЕХНИЧКИ ВЕШТИНИ
Според трендовите на индустријата, сè повеќе се
намалува бројот на вработени кои работат во
една компанија или тим подолго време или пак
цел живот, додека сè повеќе се зголемува бројот
на вработени кои се врзани со договор на дело
или работат во проект-базирани тимови [5].
Поради ова, се зголемува потребата од доволно
агилни вработени, кои подобро се вклучуваат во
работа во тимови кои можат да бидат
мултикултурни и мултиетнички [4].
Исто така, денес е честа појава инженерите да
бидат вработени во средини каде остатокот од
вработените немаат големи технички познавања.
Инженерите кои имаат образование од
информатичката технологија се баран профил во
банки, телекомуникациски сектор или средни
претпријатија, во кои мора да соработуваат со и
да даваат поддршка на други вработени кои
немаат познавања од информатичката
технологија.
Дури и ако еден инженер работи во претпријатие
кое е претежно технички ориентирано, постои
потреба од комуникација со корисници кои
немаат големи технички познавања. Ова станува
сè поважно поради трендот на зголемување на
грижата за корисници [6].
За било кое од претходно споменатите
комуникациски сценарија да се одвива успешно,
потребно е инженерот да поседува соодветни
нетехнички вештини. Тие ќе му овозможат
успешно и точно да комуницира со вработените
или корисниците.
Под нетехнички вештини се подразбира големо
множество на вештини. Дел од најчесто
споменуваните се:
комуникациски вештини
работа во тим
презентациски вештини
организациски вештини
вештини за преговарање и влијаење
лидерски вештини
мотивација, истрајност
справување со конфликти
прилагодување на техничката
терминологија (кратенки, странски
термини)
Постои позитивна корелација помеѓу овие
нетехнички вештини и професионалниот успех.
Покажано е дека најуспешните менаџери
поседуваат значително повисоки нивоа на
нетехнички вештини [4]. Овие вештини се исто
така многу важни, понекогаш дури и поважни од
техничките кога станува збор за унапредување
[4]. Ако во компанијата треба да се вработи некој
на административна позиција, тогаш 67% од
компаниите би вработиле некого што поседува
високо ниво на нетехнички вештини, но ниско
ниво на технички вештини, додека само 9% од
компаниите би вработиле некого што поседува
високо ниво на технички вештини, но располага
со ниско ниво на нетехнички вештини [7]. Ова и
не е изненадувачки, ако се согледа фактот дека
повеќе од половина од менаџерите силно се
согласуваат со ставот дека нетехничките
вештини се потешки за учење од техничките [7].
Работодавачите се свесни дека нетехничките
вештини се многу важни и се обидуваат таа
порака да ја пренесат до студентите и
универзитетите. ИТ менаџерите сè повеќе бараат
вработени кои покрај техничките способности ќе
имаат и нетехнички вештини, а како две
најважни од нив ги наведуваат способноста за
пишување и говорење пред аудиториум [8].
Според Калани Џоунс, потпретседател за
инженерство во Tachyon Inc., „доволно тешко е
да се најде добар инженер, но да се најде некој
кој може да води тим и да зборува добро со
корисниците е навистина тешко“. Постојат и
ставови дека нетехничките вештини се поважни
од некои технички вештини [2].
Дури 86% од работодавачите велат дека добрите
комуникациски вештини се важни, но многу од
нив се незадоволни со нивото на изразување кај
дипломците [2]. Менаџерот за човечки ресурси
на Monarch Recruitment вели дека имаат
проблеми со апликации од кандидати кои „имаат
недостаток на потребните комуникациски
вештини, за да се продадат себеси на интервју“.
Реалноста е дека инженерите ги ставаат овие
вештини во втор план. Тие сметаат дека
нетехничките вештини нема да им го донесат
саканото работно место и дека тоа се вештини
кои се потребни само кај менаџерите [4][9].
Голем дел од универзитетите не придонесуваат
кон развивање на овие вештини кај нивните
студенти, ниту пак создаваат свесност кај нив за
тоа колку се тие навистина потребни. Покажано е
дека најголем дел од студентите се чувствуваат
непријатно и нервозно ако мораат да говорат
пред аудиториум [10], а додипломските курсеви
ретко даваат можност студентите да работат на
тој проблем со професорите.
Токму поради разликите помеѓу саканото и
реалното ниво на нетехничките вештини,
особено кај дипломците кои за прв пат влегуваат
во индустријата, голем дел од компаниите се
одлучуваат за доедукација на своите вработени и
вложуваат големи средства за остварување на таа
цел [11]. Дел од компаниите имаат остварено
врски со универзитети кои ја вршат таа
доедукација, дел имаат надворешни партнери со
курсеви направени токму за нивниот профил на
вработен, а дел го прават тоа со тренирање во
рамките на компанијата со вработените како
ментори [11].
Истовремено, универзитетите треба да сфатат
дека има потреба од ревизија на програмата за
едукација на инженери [12][3]. Програмата треба
да биде приспособена на потребите за вештини
во индустријата и да им овозможи на студентите
да бидат конкурентни на пазарот на трудот.
Од сето ова може да се изведе заклучок дека
постои голема потреба од нетехнички вештини, а
има голема разлика помеѓу саканото ниво на
вештини и она кое го имаат дипломците. Ова
значи дека дури и најмалата промена во
едукацијата ќе биде забележана. Исто така,
постои желба и шанса за поголема соработка
помеѓу универзитетите и компаниите за
развивање на потребните вештини за работното
место за време на студиите.
3. ГЛОБАЛНИ ВЕШТИНИ
Поради недостатокот од инженери, постои
глобален тренд на зголемување на процентот на
вработени кои работат во странство или пак
соработуваат со странски, мултинационални
компании. Тоа докажува дека денешните
студенти и вработени, покрај неопходните
нетехнички вештини, мора да се припремаат да
бидат „глобални“ инженери, односно да имаат
вештини за справување со различни структури на
организациите, да ги познаваат разликите помеѓу
културите и да имаат познавање од
интернационалните бизнис концепти [3].
Тоа ќе им овозможи на инженерите, а особено на
оние од земјите во развој, да се вработат во
мултинационални компании и да добијат
меѓународно работно искуство. Вработените од
земјите во развој се споменати посебно затоа што
трендот на глобализација со себе носи и тренд на
outsourcing. Голем дел од компаниите кои имаат
седиште во развиените земји, со цел да ги
намалат трошоците, ги преместуваат нивните
центри за развој, поддршка и истражување во
земји кои имаат ниска просечна плата и голем
број на инженери, како што се Индија или Кина.
60% од работодавачите во Велика Британија се
изјасниле дека имаат недостаток на кадар од
областа на науката, технологијата,
инженерството и математиката [1]. Затоа, 36% од
големите фирми се одлучуваат да вработуваат
инженери од Индија, а 24% од Кина [1]. Платата
која ја добиваат индиските средни менаџери во
софтвер/ИТ, од 1998 година до 2003 година се
зголемила три пати, односно од 5% на 15%
споредено со платата која ја добиваат истите во
САД [13].
Поради трендот на outsourcing, бројот на
инженери во овие две земји се зголемува
експлозивно. Како споредба, бројот на инженери
во САД од 1998 до 2006 година се зголемил од
103.000 на 129.000 (пораст од 25%), додека во
Индија, за истиот временски период, бројот се
зголемил три пати, од 68.000 на 220.000 [14].
Порастот на дипломирани инженери е најголем
во Кина, каде за период од 4 години (2002 - 2006)
бројот се зголемил повеќе од двојно, од 252.000
на 575.000 [14].
Но, зголемувањето на бројот на инженери во
овие земји не е без проблеми. Зголемувањето на
бројот на инженери е постигнат по цена на
квалитетот на образованието [14]. Ако повторно
се споредат бројките во овие земји, 80% од
инженерите образовани во САД се способни да
се вработат, додека само 10-25% од Индија и
10% од Кина се доволно способни за да работат
во мултинационални компании [15][14].
Некои од главните причини за малиот процент на
инженери способни да се вработат, се лошото
владеење на англискиот јазик, проблеми со
едукациониот систем (премногу теоретски
предавања во Кина и големата разлика во
квалитетот од неколкуте главни универзитети до
останатите во Индија) и културните разлики. Во
овој труд, од интерес е само проблемот со
образовниот систем, па само за него ќе
дискутираме. Воведувањето на курсеви за развој
на глобалните вештини заедно со нетехничките
вештини во образовниот систем, иако нема да ги
реши сите проблеми со кои се соочуваат
инженерите од овие земји, сепак дури и мало
зголемување на процентот на дипломци спремни
за вработување ќе значи големо зголемување на
вкупниот број на работоспособни инженери.
Примерите од овие земји треба да бидат подобро
разгледани поради тоа што Македонија во
последниве години работи на зголемување бројот
на студенти по инженерство. Од овие примери
треба да се разгледаат проблемите со кои се
соочуваат земјите кои се наоѓаат во слична
ситуација и да се извлече поука како да се одржи
нивото на квалитет во високото образование и
дополнително да се зголеми конкурентноста на
македонските инженери на глобалниот пазар на
трудот. Трендот на outsourcing е нешто што
Македонија не смее да дозволи да го пропушти и
треба да работи на стратегии за привлекување на
мултинационални компании.
4. СИТУАЦИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА
Оutsourcing трендот во Македонија сè повеќе се
зголемува, а со тоа се забрзува и растот на
македонскиот ИТ пазар и потребата од
образовани, компетентни инженери од оваа
област.
Во Македонија, како најважни вештини при
вработување се оценети техничките вештини,
иако нетехничките вештини се скоро подеднакво
важни [16]. Најважни нетехнички вештини кои се
потребни во Македонија се [16]:
меѓучовечки/тимски вештини
(справување со конфликти, мотивација
на други, работа во тим, вештини на
преговарање и чувствителност кон
други)
лични вештини (самодоверба,
проактивност, мотивација, истрајност,
справување со стрес и способност за
брзо учење)
креативно (иновативно) размислување
Поради зголемувањето на процентот на
македонските компании кои се занимаваат со
outsourcing и од претходно изведените факти за
побарувања на вештини на светскиот пазар, може
да се заклучи дека важноста на нетехничките и
глобалните вештини ќе расте поради
зголемување на контактот со различни земји и
култури. Акцентот на овие вештини не треба да
се става само поради потребата од нив при
меѓународна соработка, туку тие треба да бидат и
средство за зголемувањето на конкурентноста на
Македонија на глобалниот outsourcing пазар.
Голем дел (83%) од испитуваните компании од
македонскиот ИТ пазар се согласуваат дека
македонските вработени во информатичката
технологија поседуваат високо ниво на технички
способности, но имаат ниско ниво на нетехнички
и деловни вештини [16]. Само 7% од
испитуваните кажале дека не се согласуваат, а
10% не дале коментар [16]. Од овие резултати е
очигледно дека во Македонија, како и во
остатокот од светот, треба да се префрли дел од
фокусот во високото образование од технички и
теоретски курсеви кон курсеви кои работат на
усовршување на нетехничките вештини.
Како најголеми снабдувачи на идни инженери од
областа на информатичката технологија,
Факултетот за електротехника и информациски
технологии и Природно-математичкиот факултет
[16], треба да обрнат внимание на побарувањата
на индустријата во Македонија и во светот и
соодветно да ја прилагодат нивната наставна
програма.
Нивото на нетехничките вештини и квалитетот
на образованието може да се зголеми и со
поголема соработка помеѓу универзитетите и
компаниите. Македонските компании се
изјасниле дека се спремни на таков чекор и дел
од нив нудат пракса за време на студиите.
5. ЗАКЛУЧОК
На светскиот пазар на трудот постои
незадоволство од нивото на нетехничките и
глобалните вештини кај вработените, а особено
кај дипломците, кои сè уште немаат работно
искуство.
Потребна е поблиска соработка помеѓу
универзитетите и индустријата за ревизија на
наставната програма и дефинирање на
најважните вештини кои треба да ги поседуваат
студентите по завршувањето на високото
образование.
Со тоа се намалува потребата за доедукација на
работната сила и се зголемува конкурентноста на
инженерите. Покрај овие придобивки, со
соработката помеѓу универзитетите и
индустријата и нудење на пракса во компаниите,
на новите дипломци им се олеснува транзиција
од едукација во работна сила и им се овозможува
да ги осознаат потребите и навиките на
деловниот свет.
Охрабрувачки факт е воведувањето на нови
студиски програми за магистерските студии на
Факултетот за електротехника и информациски
технологии, кои во својата наставна програма
вклучуваат и извесен број курсеви кои се
наменети за изучување на дел од овие потребни
нетехнички вештини. Така, во рамките на
магистерските студии сега се изучуваат теми од
областа на е-бизнис, е-маркетинг, техничко
пишување, истражувачки методи, менаџмент,
презентациски вештини, time management и
слично, во кои идните инженери магистри
имаат шанса да се запознаат со важноста на
нетехничките вештини и да совладаат дел од нив,
сè со цел да станат поконкурентни во
индустријата.
Сепак, освен промените во наставните програми
во високото образование, постои и проблемот
што голем број од студентите сè уште не се
свесни дека навистина има потреба од
нетехнички вештини на работното место. Поради
тоа, треба да се работи и на пренесување на
пораката дека ваквите вештини се многу важни,
понекогаш дури и поважни од техничките, во
деловниот свет, за успешна кариера.
6. РЕФЕРЕНЦИ
[1] CBI. (2008). Taking Stock: CBI education
and skills survey 2008. CBI.
[2] Archer, W., & Davison, J. (2008). Graduate
employability: What do employers think
and want? London: CIHE.
[3] Patil, A. S. (2005). Global Engineering
Criteria for the development of the global
engineering profession. World Transactions
on Engineering and Technology Education .
[4] Klaus, P. (2008). 4 - workplace lessons
smart people wish they'd learned sooner.
Collins Business.
[5] Office team (2008). 5: 2020. Robert Half
International Inc.
[6] FAS. Soft skills development in the Irish
economy. FAS.
[7] Office team (2007). Fitting in, standing out.
Robert Half Inc.
[8] Hoffman, T. (2007, ноември 12). Nine
Nontechie Skills that Hiring Managers
Wish You Had (and How to Get Them).
Превземено на март 20, 2009, од
www.computerworld.com:
http://www.computerworld.com/action/artic
le.do?command=viewArticleBasic&articleI
d=305966
[9] Costlow, T. (2000, декември 1). Engineers
take a hard look at "soft skills".
Превземено на март 20, 2009, од
www.eetindia.co.in:
http://www.eetindia.co.in/ART_880038811
3_1800007_TA_60d17fe8.HTM
[10] P’Rayan, A., & Shetty, R. T. (2008).
Developing Engineering Students’
Communication Skills by Reducing their
Communication Apprehension. English for
Specific Purposes World .
[11] King, M. (2007). Workforce development:
how much. CIHE.
[12] Nealy, C. (2005). Integrating soft skills
through active learning in the management
classroom. Journal of College Teaching &
Learning .
[13] Farrell, D., Laboissière, M., Pascal, R.,
Segundo, C. d., Rosenfeld, J., Stürze, S., et
al. (2005). The Emerging Global Labor
Market: Part IIIHow Supply and Demand
for Offshore Talent Meet. McKinsey Global
Institute.
[14] Gereffi, G., Wadhwa, V., Rissing, B., &
Ong, R. (2008). Getting the Numbers Right:
International Engineering Education in the
United States, China, and India. Journal of
Engineering Education.
[15] Raman, N. (n.d.). 15 News Room: As
demand for engineers grows, experts say
India has only 10 to 30 percent of the
qualified instructors it needs. Retrieved
февруари 15, 2009, from almamate.in:
http://almamate.in/download/15.pdf
[16] MASIT. (2005). The Macedonian
Information Technology (IT) workforce
demand survey 2005. Skopje: MASIT.
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
Summary
A SURVEY OF THE NEED FOR SOFT SKILLS IN
ENGINEERING EDUCATION AND IN THE WORKPLACE
Vojdan Kardalev1, Miloš Jovanović1, Dimitar Trajanov1
1 Faculty of electrical engineering and information technologies Skopje, Karpoš 2 bb, 1000
Skopje, Macedonia, vojdan.kardalev@feit.ukim.edu.mk, milos@feit.ukim.edu.mk,
mite@feit.ukim.edu.mk
Abstract The world labor market, besides the
technical (hard) skills is increasing the focus on
the so-called “soft” skills. Soft skills are a set of
skills which allow an individual to fit in and
successfully function in its environment. Because
the engineering market is so dynamic and full of
contacts with different cultures, soft skills need to
be accompanied by so-called “global” skills, which
ease the cooperation of people with different
cultural backgrounds. But, there still remains a
general dissatisfaction with the engineer’s soft skill
levels, so there is a need for further development
of the staff and a review of the high education
curriculum.
Keywords soft skills, engineer, education, work.
ResearchGate has not been able to resolve any citations for this publication.
Article
Communication Skills Laboratory (GE1352), a course for undergraduate engineering and technology students studying at colleges affiliated to the Anna University, Chennai, India was introduced in November 2006. The main objective of the course is to develop students' communication skills and prepare them for placement / campus recruitment. As it was observed that many students have speech anxiety, at the start of the course, the personal report of communication apprehension (PRCA-24) instrument (McCroskey, 1982) was used among a sample of 120 students at the Jeppiaar Engineering College, Chennai to measure their communication apprehension (CA) and speaking tests were administered to the same students to assess their speaking skills. The analysis of the PRCA scores and the results of the speaking tests revealed that majority of the students have high communication apprehension and around 60 per cent of them lack communication skills. Only if effective measures are taken to help students overcome communication apprehension, it is possible to develop their communication skills in an effective manner. Based on this assumption, certain measures were taken to help students reduce their CA. This paper discusses the results of PRCA-24 and speaking tests, lists the suggestions given by the students themselves to overcome their CA and explains the steps taken to help students overcome their CA and thus develop their communication skills.
Article
This article discusses how active learning can be used to develop soft skills required by managers of contemporary organizations. Findings from course materials developed in response to business and industry demand for increased focus on soft skills are examined using an emerging population, first generation college students in institutions of higher education.
Article
This article challenges the commonly cited statistics for engineering graduates in the United States, China, and India. Our research shows that the gap between the number of engineers and related technology specialists produced in the United States versus those in India and China is smaller than previously reported, and the United States remains a leading source of high-quality global engineering talent. Furthermore, engineering graduates in China and India face the prospect of substantial unemployment, despite high corporate demand for their services; this raises questions about the quality of recent graduates. The United States, however, also confronts problems in its continued ability to attract and retain top engineering talent from abroad because of visa uncertainties and growing economic opportunities in their countries of origin. We argue that the key issue in engineering education should be the quality of graduates, not just the quantity, since quality factors have the biggest impact on innovation and entrepreneurship.
Graduate employability: What do employers think and want? London: CIHE
  • W Archer
  • J Davison
Archer, W., & Davison, J. (2008). Graduate employability: What do employers think and want? London: CIHE.
Global Engineering Criteria for the development of the global engineering profession
  • A S Patil
Patil, A. S. (2005). Global Engineering Criteria for the development of the global engineering profession. World Transactions on Engineering and Technology Education.
4-workplace lessons smart people wish they'd learned sooner
  • P Klaus
Klaus, P. (2008). 4-workplace lessons smart people wish they'd learned sooner. Collins Business.
Fitting in, standing out
Office team (2007). Fitting in, standing out. Robert Half Inc.
Nine Nontechie Skills that Hiring Managers Wish You Had (and How to Get Them)
  • T Hoffman
Hoffman, T. (2007, ноември 12). Nine Nontechie Skills that Hiring Managers Wish You Had (and How to Get Them).
Engineers take a hard look at "soft skills
  • T Costlow
Costlow, T. (2000, декември 1). Engineers take a hard look at "soft skills". Превземено на март 20, 2009, од www.eetindia.co.in: http://www.eetindia.co.in/ART_880038811 3_1800007_TA_60d17fe8.HTM
Workforce development: how much
  • M King
King, M. (2007). Workforce development: how much. CIHE.